ВРЕДИ: Не сакаме ниту еден Албанец да биде виновен за трагедијата во Кочани, но правдата мора да победи

Партијата ВРЕДИ жестоко ја критикува ДУИ, обвинувајќи ја дека се претворила во организација чија единствена цел е заштита на поранешните функционери, дури и по цена на политичка криза. Според нив, ДУИ е подготвена да ги бојкотира локалните избори само за да избегне одговорност.

„Да бидеме јасни – сакаме Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност, бидејќи, иако сме лути политички противници, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани. Но, за тоа одлучуваат судските органи, а не политичките партии“, порачуваат од ВРЕДИ.

Тие бараат од ДУИ да одговори на клучното прашање – кога зборуваат за „систем“, на кој систем мислат? Дали на оној што го градеа 22 години додека беа во сите влади со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? На Јавното обвинителство под водство на Ислам Абази? На „системот“ што им овозможи на нивните функционери да станат милионери, додека народот страдаше?

Од ВРЕДИ потсетуваат на трагедиите како што се пожарот во модуларната болница во Тетово, несреќите во Ласкарци и „Беса Транс“, прашувајќи зошто ДУИ тогаш молчела за „системот“.

„Колку и да се препелкаат, политичкиот крај на ова корумпирано раководство пристигнува“, уверени се од ВРЕДИ.

Categories: